Велоаџилак 1: Кругот на Македонија

Велоаџилак I: Кругот на Македонија е извонредно четиво, спој на дневникот на патеписните белешки на Слободан Трајковски кој на најубавиот и најнепосредниот начин – со велосипед, ја прошетува, истражува и се овоплотува со својата земја – Македонија и сите нејзини прекрасни места, предели и области за кои сме слушале, читале во книгите, народното творештво, историјата и секојдневието. Понесен од светата и благородна идеа  – (вело) „аџилак“, а поттикнат од својата љубов кон Македонија, Слободан Трајковски на убав начин ни ги раскажува своите доживувања од патувањето со велосипед во „круг“ по природните и етно-географските граници на Македонија. Значењето на овие раскажани патеписни белешки од ова патешествие со велосипед по Македонија, е дотолку поголемо што тие ќе служат за секого од нас дополнително да ја осознае Македонија, а преку доживувањата на Слободан Трајковски да се поттикнат и многу други велосипедисти – почетници и искусни патешественици да го извозат и остварат целосно или делумно овој поход – „велоаџилак“.  Имајќи го предвид огромното и непрестајно походување со велосипед низ знајни и незнајни предели на Македонија и светот, на Слободан Трајковски,  меѓу кои и уште еден (илинденски) велоаџилак низ Македонија, со чест и гордост пред читателите ја претставуваме оваа книга како прва од поширокото издание на книги – велосипедски патеписи низ Македонија, насловено „Велописи на Македонија“.

Document-page-001 (4)