Проекти

Придонесувај за Македонија – МАКЕДОНЕСУВАЈ! Во ова катче ќе се запознаете со сите минати, идни и тековни проекти на ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА во кои можете слободно да се приклучите и учествувате и да придонесете за себеси и Македонија!

Завршени проекти

Проект: УЧЕСТВОТО НА МЛАДИТЕ ВО ДОНЕСУВАЊЕТО ОДЛУКИ НА ЛОКАЛНО НИВО ВО РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ

Проект финансиран од ЕУ од средствата на Erasmus + програмата на Европската Комисија, клучна акција К3, спроведен во 4 рурални општини во Македонија, и тоа: Карбинци, ИлинденВрапчиште и Могила. Избрани според различната географската местоположба, степен на социо-економски развој и составот на населението.

Проект: МЛАДИТЕ И ИСТОРИЈАТА НА СКОПЈЕ

Проект поддржан од Град Скопје, на кој на ученици од средните училишта СУГС Раде Јовчевски-Корчагин, СУГС „Никола Карев“ и СУГС Орце Николов им беа одржани предавања за „Скопје во делата на македонските дејци од 19 век“ каде беа опфатени записите за Скопје на Јордан Хаџи-Константинов – Џинот од 1854/55 и Ѓорче Петров од 1896. На 13.11. беше одржан и мал натпревар на кој првото место го освои Ана Марија Радојкова од РЈК, второто го освои Борис Николовски од „Орце Николов“ и третото го освои Ема Секуловска од РЈК.

Слики од спроведувањето на предавањата и натпреварот во рамки на проектот може да погледнете: ТУКА