ВЕЛОДАРНОСТ е дел од добротворните активности во рамки на МАКЕДОНИРАЈ, која е пред сè е насочена кон помош и поддршка на социјално загрозени многудетни семејства и млади луѓе. Идеата настана спонтано како резултат на нашите постојани прошетки и уживања со велосипеди низ Македонија каде се запознаваме и дружиме со многу наши сограѓани и младинци на кои од сè срце сакаме да ги израдуваме и да им подариме насмевки, радости, по некоја книга или збирка со податоци за нивните места и краеви, играчки, училиштен прибор, спортска опрема. Благодарение на огромниот број на подароци и донациите од многубројните наши врсници, сограѓани и претпријатија со нашите велосипеди посетивме повеќе семејства низ разни краеви на Македонија. ВЕЛОДАРНОСТ продолжува и понатаму, тука ќе се запознаваме и споделуваме каде има потреба, каде ќе се собира и каде ќе одиме да оставиме радост со нашите велосипеди!
Тука може да погледнете слики од досега одржаните „Велодарности“